top of page
increaseyourdesiretosucceed.jpg

За Desire... 

Нема друг начин како поинаку да се даде опис за овој блог, освен дека е посветен на една личност - Desire .

Што е Desire? Или подобро речено КОЈ/А Е Desire? 

Desire е сеприсутна, мистична, неодолива и непроценлива. Жива сила. Исконски нагон, несебичен и остар разум, олицетворен во една личност која вистински постои на овој свет.

Таа е присутна и при раѓањето и при смртта, во разни форми, секогаш се менува, секогаш се движи. Комплексна и динамична, осамена и тажна. Напуштена и заробена, заштитена и ослободена. 

Ова е блог за неа. За Desire, за една волшебна транс девојка која го пронајде својот пат.

За сега толку.

Сите други одговори на овие две прашања со текот на времето ќе бидат споделени тука, на овој блог. 

Ваше ќе биде да прочитате, дознаете и споделите (доколку сакате секако), а јас ќе бидам нејзиниот хроничар. 

Искрено и длабоко,

Ваш T_Lover 

bottom of page