top of page

Очи

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover



Ниту едно од многуте осамени зимски утра не можат да ја осветлат празната соба како што тоа го чинат нејзините очи.
Ниту еден од топлите чаеви што секое утро ги налевам низ сувото грло на фотелјата покрај слабо згреаниот радијатор и разлабавениот прозорец не можат да го стоплат моево излитено тело, како што топлината го чини од нејзините насмеани усни.

Прозорецот чии ролетни веќе имаат две педи прашина, очајно го чекаат нејзиниот поглед за да внесат чистина во собата и ја засенат дури и утринската студена светлина. Зраците на утрото се недоволни да вдахнат живот во овој свет.

Помнам, таа ноќ, нејзината десна дланка внимателно и без гледање, го пренесе инстинктот на Desire врз мојата лева града која трепереше како зајак под карираната кошула.

Desire секогаш приоѓа нечујно во тие украдени секвенци во малиот слабо осветлен простор.
Во тие мигови не знам што попрво бара, дали нејзината дланка ја бара мојата крвна пумпа, или обратно.
Знам само дека таа триесет и шест годишна пумпа оживува и го троши забрзано нејзиниот вишк што преостанува. Дланката на Desire ги подава папиларните линии врз таа несигурност говорејќи: „Претстои уште. Јас ќе ги чувам тие резерви за нас.

Ни се допираат врвовите на нашите носеви.

Сите ситници со кои ги полнеме нашите дланки,
Сите специјалитети дегустирани и коментирани на вечерната трпеза,
Сите крадци кои чекорат по жиците на нашите заеднички животи,
се неважни и минливи.

Само тие две, топчести фокусни светла среде крупните црни бисери на нејзиното насмеано лице.

Ме фаќаат цврсто и не попуштаат. Луди се за тишината што не пропушта ниту еден звук, и во која само нејзината насмевка и двата фенери водилки опстојуваат и ги водат слепите по патот.
Луди се во својот разнобоен дом, во кој има место за нас, небаре е целиот свет насобран.

И ги гледам, сѐ уште допрен со врвот на носот на Desire, и тонам во светлината на тие два црни бунари додека здивот од нејзините усни ја зема и последната капка осаменост на мојава душа.

Сакам да спиеме сега“, ми вели, „Гушни ме, да знам дека си тука.

Умира и последната свеќа во собата, се разбудија ноќните утки, а мојата лебедица веќе спие.

Ја чувам.
Ме чуваат и тие мене.

22 views

Recent Posts

See All

Comentarios


bottom of page