top of page
  • Writer's pictureTrans Lover

Заминување

I. Тој



Време е да заминам.

Премногу е лесно да се каже дека се потрошило мастилото, или пак се излитило пенкалото. Хартија божем снемало.

Време е да се пренесе.
Доживеаното постана раскажано, а раскажаното запишано.

Си мислев дека вечноста на оваа тема лежи само во неисцрпното пренесување на хартијата, на неуморното следење на бинарните црни букви врз белата екранска позадина која ја меморира и најлуцидната мисла во најтемните ноќи.

Таа беше и сѐ уште е тој прв здив кој насекаде остава траги на прапостоењето и прасоздавањето. Ниту создавањето на вселената не може да биде детектирано преку најситните честички на атомот, колку што најјасно се посведочува нејзиниот здив насекаде.

Невидливоста на нејзиниот здив ги крие честичките на тоа создавање, и тие се движат низ просторот, се вдишуваат како честички полен од присутните, небаре ги оплодува просутните со знаењето за нејзиното создавање и постоење.

Таа беше, и сѐ уште е насекаде.

И илјада зборови да се пишат, и исто толку гозби да се направат и на нив чаши вино да се испијат, и уште толку зборови само да се изговорат на трпезата нема да бидат доволни за да се опише доживувањето од тој нејзин прв здив.

И ниту сите тие бакнежи минати, сегашни и идни, сите мои украдени погледи за приграб на сите светлини подарени и сѐ уште видливи од тие бели светла длабоко во нејзините зеници.

И честичките поситни од атомот што го чинат мојов корпус немаше да знаат да се создадат и спојат, да не беше нејзиниот здив.

Но вие веќе го знаете сето тоа, сте го прочитале, чуле и зборувале сѐ ова за неа. Вие знаете за Таа доволно.
Сте ги замислиле насмевките, гозбите, мирисите. Знаете за тагата, болката и патењето.
Сте го замислиле водењето љубов и жестокиот секс.

Но тоа е најмалку важно сега.

Мојата смрт овде е Вашето раѓање таму некаде, понатаму.
Вашето раѓање таму некаде, е нејзиниот здив кој уште постои и чека да го вдишете...

Вистински...
6 views

Recent Posts

See All
bottom of page