top of page
  • Writer's pictureTrans Lover

Заминување


III. Последниот здив



Време е, оти постојаната состојба да се каже за ТОА веќе е преголема приказна и од првиот, но и од овој последен здив.

Последниот е наменет за ТЕБЕ.

И нема друг начин како тоа да се пренесе, оти актерите веќе ги нема. Тие ја напуштија сцената. А тие не можат да престанат да го пренесуваат ова што ти го посведочуваш. И не само затоа што немаат зборови да го кажат, туку затоа што не знаат како да престанат.

Да, обвиени се во една досада што пред туѓите очи е толку очигледна што веќе и постанува банална, но зарем не треба тоа пренесување да се прифати и самостојно пронајде?
Тие не сакаат да престане. ТОА не сака да престане во нив.

Енергијо наша, што ни ги движиш клетките, што при првиот пород го создаваш најгромогласниот плач.
Ти што солта во солзата ја создаваш.

Што заради тебе астмата постои во неговите бели дробови, а кај неа вирусот се вгнездил во лимфите, та при секое нивно дишење ја чувствуваат тежината на секој здив што ќе им ги вкрсти нивните погледи, насмевки и силуети.

Што заради тебе умот не им дава на нивните очи да се склопат дури и при најголемиот замор, а при твоето неприсуство очните капаци натоварени со здебелените вени стојат отворени само за да го посведочат твоето присуство. Та потоа, во длабок замор и понор, после божјото во тебе присуство, се затворат во длабок сон на мироточење.

Ти, што заради твоето постоење ја посакуваат и осмислуваат нивната блажена и среќна смрт, затоа што знаат дека ќе бидат тука кога заедно ќе ги затворат очите и преминат преку Стикс, залажувајќи го слепиот Карон да не им бара сребреници, туку да ги пушти нечујно и невидно до вечните Елисејски порти.

Нека умре овој живот скотски и нека започне нов, заеднички и стамен.

Те чекаме, пред портите наречени „Наши“.

Влези...

Низ сите досетки и дошепки украдени од другите, а зграбени за нас, за тебе и мене, за неа, да го насликаме светот кој недостасува, но очајно го носи бремето за нови подвизи и дострели.

Да му го дадеме пулсот на немирното срцебиење што ја чека крвавата зора да го означи новиот почеток и времето за нашето утре.

Како што се прадавав, како што се предаваше и Таа, да се предадеме со сето нас, за светот за нас, за светот за сите, безрезервно, алтруистички, храбро и без задршка, до самиот крај.
Наш и сечив.

Ти си нашиот Аустерлиц, нашето кобно и студено Бородино. Нашата храбра Јена и крвавиот Лајпциг.

Ти си Ватерло на нашето враќње од Св. Елена, наша Дезире Клами на Империјата која ни пропаѓа во неповрат, но гори за да создаде ново утре.
Code Civile на нашиот морал ...

Живот за нашето раѓање.
Наше се.

Наш нов почеток.
21 views

Recent Posts

See All
bottom of page