ЗаминувањеTrans LoverAug 31, 20221 min read„Наместо поздрави“Минатото нѐ прогонува,Сегашноста нѐ задржува,Иднината нѐ замаглува...Што ли ќе остане од нас?Само креатури кои бегаат од моменталните привидиВо другите за нас.Нивните мисли и страсти како спектри,Небаре ловечки гоничи,Итаат да ја растргнат нашата интима И насладат од нејзината оскудна крв.А потоа, сѐ така...Во круг.Од улога, во улога, на нашата физичка структураПонудена за застика на туѓа жед и јадови.А што со нашите?Истрошливи битија за инстант жед,Гранули ефтино зашеќерено кафе,Миг дремка за набабрените очни капилари,Бурен излив на допаминЗа да му даде уште еден допамински фикс на допаминот,Рабиес од волк за послушното кучеИ море од суета за трошка утеха.И сѐ така...Повторно во круг,Бесцелно до самиот крајбез суштинска завршница за потребниот исчекор.Во тунелот темница,Во темницата воз кој јури кон нас,А ние, Ко светулки во мракот опседнати и хипнотизирани од светлотоЧија жед ќе нѐ убие без бол,Во миг.Доцна е сега.Време е за заминување...Ние се подготвивме.На ред сте вие.
„Наместо поздрави“Минатото нѐ прогонува,Сегашноста нѐ задржува,Иднината нѐ замаглува...Што ли ќе остане од нас?Само креатури кои бегаат од моменталните привидиВо другите за нас.Нивните мисли и страсти како спектри,Небаре ловечки гоничи,Итаат да ја растргнат нашата интима И насладат од нејзината оскудна крв.А потоа, сѐ така...Во круг.Од улога, во улога, на нашата физичка структураПонудена за застика на туѓа жед и јадови.А што со нашите?Истрошливи битија за инстант жед,Гранули ефтино зашеќерено кафе,Миг дремка за набабрените очни капилари,Бурен излив на допаминЗа да му даде уште еден допамински фикс на допаминот,Рабиес од волк за послушното кучеИ море од суета за трошка утеха.И сѐ така...Повторно во круг,Бесцелно до самиот крајбез суштинска завршница за потребниот исчекор.Во тунелот темница,Во темницата воз кој јури кон нас,А ние, Ко светулки во мракот опседнати и хипнотизирани од светлотоЧија жед ќе нѐ убие без бол,Во миг.Доцна е сега.Време е за заминување...Ние се подготвивме.На ред сте вие.
Comments