Не знам да дадам одговор на ова прашање бидејќи чувствувам дека споделувањето на првиот контакт е вистинскиот одговор.
***
Ноќта е најтемна веднаш пред да зазори. Таа беше чувството за зазорување пред пустиот мрак.
Се сеќавам, на почетокот беше разговор, тивок и ненаметлив, без прикази, без допири, без напад. Во првите воздишки кои се насетуваа од трепетот на усните се криеше воздухот кој ја менуваше температурата во просторот кој го споделувавме.
Очите играа, фиксирано и длабоко во незнајните коти во просторот. Како од нив да се надзѕраше изградба на свет чии што можности се непрегледни.
Сета зора, целото создавање беше во сингуларитет со зениците кои гледаа кон мене.
А потоа...
Бакнеж...
Го допрев нејзиното создавање, коренот на нејзиното најинтимно битие.
Проклет да бидам, и семето мое, колку длабока и глупава била мојата заблуда; за интимното во себе, за нејзиното внатре, за моето во неа и нејзиното во мене.
Да, таа е маж!
Но колку се глупави сите тие општествени конструкти. Како некој треба да се однесува без оглед на тоа како чувствува за себе и во себе.
Таа е она што ТАА почувствувала дека е без оглед на нејзиното тело.
Што би било со светлината ако ѝ се дадат рамки? Ни пеперутката не би летала околу неа, туку би била заслепена од тоа фокусирано светло во затворен простор.
Рамки, лимит, калапи...
Но таа не е ТОА.
Таа е најскапоцениот мирис на кожата што го обезвреднува и најскапиот Шанел бр.5.
Таа е тензијата и борбата во Француската револуција.
Таа е крвта во Марсељезата.
Таа е нагонот и посакувањето на Бонапарта.
Таа е Désirée.
Таа не се вкалапува и не се врамува.
Ние можеби избираме што ќе вкалапиме и врамиме, но не избираме на кого ќе ни се појави првата ерекција, на кого ќе ни се навлажни вагината.
Тоа не е тренинг пред спортски натпревар во затворена арена со однапред пропишани правила и разјарена публика која немилосрдно навива.
Таа е бескрајна. Сѐ што извира од мене, од нас, е нејзиниот моментум на раѓање и постоење. Моментумот е нејзина причина и последица, нејзиното создавање и постоење.
Comentarios