top of page

Chanel No.5

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Updated: Dec 31, 2021


Се случи тоа кога мојот јазик срамежливо ги бараше точките на занес околу нејзините тенки студени уши и мазен врат.

Не знам што попрво реагираше од моите сетила при таа ослободена енергија. Дали мојот јазик, или мојот нос. Вознемирувачки и комплексни мириси ми ја опива свеста, му правеа делузии на мојот разум. Експлозија на букет од цветни алдехиди кои како меурчиња од млад шампањ си поигруваа со ноздрите, со врвот од јазикот.

Да, алдехиди.

Тој збор не сум го употребил и чул уште од основно училиште на часот по хемија. За волја на вистината, дури и при имање најблиски кои се хемичари, интересот за овие секси мали органски соединенија воопшто не ми се задржал.
Но затоа на Desire и беа потребни само неколку секунди.

Алдехидите, или дехидрогенизиран алкохол (alcohol dehydrogenatus) заради својата структура градат врски во зависност од нивната поларност. Ако доминира водородот, се врзливи со водата, ако доминира гас, тогаш се растворливи преку воздухот, во форма на гас. Затоа повеќето се раствораат со водата.

Најсимпатичните меѓу нив, оние што бр.5 ги содржи, во своето експлозивно јадро го содржат природниот вкус и мирис на цимет, лимонски темјан, лимонска трева, лајм, портокал, лимонски чај и силен цветен лилијан...

Уште колку ли ги има?

Моите немирни сетила ја бараа нејзината кожа таа ноќ. Како жеден пустиник среде студената сахарска ѕвездена ноќ се обидував да ја најдам таа цветна оаза низ густежот мириси за кои мојот мозок не можеше да процени дали овие чувства се реалност или е некаква фатаморгана. Се спуштав и надолу до нејзиниот мек и длабок папок, барајќи кон препоните и нејзиниот буен машки дел кој пулсираше од возбуда.

Изгубен во тоа цветно царство, одеднаш сите овие цветни наслади се фокусираа во еден отар мирис кој ми ги стесни зениците и ме насочи кон нејзиното лице.
Нејзините длабоко црни очи и сочните насмеани усни изустија: „Во самата желба и значење за бројот 5 е убавината на овој Parfum...

Преку задоволната воздишка како да се насетуваше страста и мистиката на Габриела и нејзиниот Parfum.

Бројот 5 беше во неа, целата женственост, целата трансформација. Петката беше олицетворение на нејзината форма, патека по која се виткаше и движеше нејзиното тело. Како кружни обрасци во просторот, во некоја замислена цветна градина среде истата таа оаза преполна со цветни мириси.

И се така, повторувајќи го бројот пет.

Бескрајно движење на телото, бескрајно подавање на телесните мириси како амалгам споени со тој бесрамен Parfum произлезен од диви градини на бујни ридски карпести Цистус рози.

Кога Desire се движеше Габриела Шанел го осмислуваше Parfum.
Кога Desire лежеше в кревет, сиот инстинкт и сите сетила остануваа будни за да го чуваат тој сакопцен спој на бројот 5 и сокот на нејзината кожа.
Кога ја октрив и вкусив тајната за нејзиниот број 5, скриена во нејзините најинтимни телесни сокови, моето тело заплака и се подаде во нејзината вечна геометриска мистика.

П.С. 31.12.2021
Најчесто кога луѓето ќе помислат на 5ката, мислат на Eau du Parfum. Некои никогаш и ја немаат мириснато оригиналната формулација. Мислиш Eau du Parfum исто мириса како Parfum. Ама и самиот е сведок дека не е така.
И оттаму предрасуда дека мириса на сапун (мене на влажни марамици) и дека е старовремски, бапски, парфем.“ – Desire

И Desire е во право.

Нејзината кожа е таа која што го прави Chanel No.5 Parfum перфектен, бидејќи е создаден да го истакне индивидуалното во страста, емоцијата, движењето, формата, женственоста.

Тоа е нејзиниот амалгам, кој се вгнезди во моиве сетила како афродизијак и без кои би бил изгубен во просторот.

Таа е мојот амалгам, мојот најжесток афродизијак.
29 views

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page