top of page

Old Fashioned ...

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Тоа попладне таа беше потоната во длабок сон.
Заморот ѝ го имаше земено секој паскал од нејзиниот врел и забрзан крвоток.

Немирен пред нејзиното будење чекорев до најблиското кафуле на по една студена алкохолна наслада. Една за мене, а една за неа во нејзино отсуство, но за нејзината врела крв.

Згрчен во студенито агол од кафулето ја чекав првата тура.
Old Fashioned, добро изладен и доволно жесток со својата слаткост бакната со совршениот сооднос на бурбон, дамерера сируп и агностура.

Најпосле, усните го допреа опивниот амалгам.

Се присетив како нејзините топли полни усни се нурнуваа меѓу моите препони, барајќи ја мојата цврста машкост. Посакував во тие налети и јас да го вкусам и допрам црвенилото на нејзината пулсирачка женственост среде тој машки призор кој се повеќе се креваше гордо и без задршка.
Со секој допир на устието на чашата, усните поигруваа со слатката течност и ја впиваа бавно во грлото. Медените вкусови се лепеа во топлината на усната шуплина која како при павлов рефлекс го бараше нејзиното пулсирачко меѓуножје.

Една голтка, една наслада;
една наслада, една желба;
една желба, една тага;
една тага, цела вечност.

Си помнам како со сета нејзина внатрешност ги земаше моите налети на јазикот, небаре игрива бркотница на слаткоста и киселоста меѓу бурбонот и цитрусот од агностурата.
Се бори студеново тело со напливите од празниот простор и го заменуваа со отцртување на контурите од голата силуета што моиве клетки ја бараат. Сами од себе се судруваат, како да го чуствуваат нејзиното телесно присуство. Се сеќаваат на танцот на кожата и пулсот на нејзиниот скокотлив абдомен.

Повторно ги дегустирам опојните сокови и се предавам на танцот што меморијата ми го нуди како утеха.

Кошулата потајно ги скрила нејзините цитрусни и цветни букети маѓепсувајќи ги со мистиката на бројот 5. Не знам што побргу од сетилата се активира, дали мирисот или вкусот. Не сакам да престане оваа ноќ.
Јазикот и усните бараат во чашата од опојниот нектар.
Тој веќе е при крај, па се препуштам на задоволството од ефтиниот коктел и на меморијата што мојата ДНК ја помни.

Си велам, барем да имам и дел од твојот отров во мене кој во овие моменти очајно посакувам да ме инфицира; онака недетектибилно, суптилно, целосно.

Чашата е веќе празна. Ќе следи уште една тура, последна.

Да се одржи непосредноста.
Да се зачува светоста на нашата интима.
Да се стави камен темелник на нашето постоење.
Да се искажат првите човечки гласови пред нејзините темно маслинести очи.
Да се допрат нејзините скокотливи слабини, бакнат и стоплат насобраните брадавици.
Да се испие сокот од нејзиното жестоко внатрешно тело.

27 views

Recent Posts

See All

Comentários


bottom of page