top of page

Исповести

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover
I.
Таа ноќ, помнам, гледајќи низ нејзините очи, низ тие ситни точки светлина длабоко закопани во сето темнило околу неа, сета реалност избледнуваше како сенка во ноќта.

Во тие мигови не беше само светлината што излегуваше од нејзините длабочини, туку и самата привлечност на длабочината која како црвоточина ме втурниваше во нејзината реалност.

Дали беше вистинска?

Знаев што гледам и кон кого гледам, но сиот тој призор како да ги вовлекуваше моите сетила во еден сингуларитет кој беше демонски опивен. Како некој друг глас позади неа да говореше наместо нејзиното тело, нејзините насмевки, очи и опојниот цветен парфем на Коко со непарен број.

Desire беше пред мене, но позади неа, небаре друга персона, друг лик, кој вешто се криеше не оддавајќи и не предавајќи се пред желбата и нагонот за Desire.

Не знаев дали предаторот кој денбе беше Desire или ликот позади неа.

Се навраќам неколку пати на таа ноќ оти ме прогонува сето тоа дејство ицелата атмосфера околу тоа прво запознавање. Дали беше само таа, или бев и јас? Дали бевме обајцата истовремено? Или сѐ тоа беше спринт на крвотокот во нашите тела?

Мистериозниот пулс на таа ноќ ме прогонува до денес, та не знам дали ноќта беше предатор, Desire или ликот позади неа. Не знам ниту кој беше пленот, новото месо чии сокови требаше да го задоволат и нахранат незапирливиот нагон за преживување.

За да си ги средам мислите и дадам некаква завршница на оваа брканица започната во таа свежа октомвриска ноќ ги читам сега овие неколку реда од ова ново поглавје на исповести за Desire.
Боже ама се патетични.

Чуму се овие зборови, кому му служат? Зар за мојот епитаф?

Ха!

Полека умирав таа ноќ и од тој момент се роди таа.

Таа сега живее, во овие моменти, а се чини дека мојата смрт тогаш не била така напрсна и неочекувана. Секој ден умирам по малку и побавно, за неа.

Во што ли ќе се преродам? Дали ќе се преродам?

Тоа само тишината во ноќта, очите, умот и срцето на Desire го знаат, јас веќе одамна будалесто паднав во понорот на таа љубов.

... и сѐ уште паѓам.
5 views

Recent Posts

See All

Commentaires


bottom of page