top of page

Исповести

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover
IV.


Нејзиниот немир ги наговестуваше бурите што надоаѓаа од зад хоризонтот.

Бојата на небото најпрво заруменуваше, закрвуваше, па се трансформираше од модар пурпур до темно сино сивило.

Во себе криеше една тмурност прикриена со бавниот и развлечен говор, рамните усни и веѓи, и фокусираниот кон хоризонтот.
Не, светлината во очите не исчезнуваше, таа беше присутна, но беше далечна. Како да светеше небаре фенери на далечен светилник среде пуст остров кој ги повикува бродоломците за спас; да го одржат светлото во мракот.

Изгледа изморена, предадена.

Не знам дали сета атмосфера е создадена од неа, или како багаж атмосферата ја притиска за покорност.

Но таа не се покорува. Зошто впрочем би светеле тие фенери од светилниците?

Се сеќавам, пливав долго во таа бура околу нас. Водата беше студена. Брановите, небаре груби дланки го фаќаа секое парче од моето тело, да ме потонат и не ми дадат да го одржам огнот во нејзините фенери.
Кога стигнав на тој остров, среде таа ноќна водена пустелија таа ме повика. Нејзината светлина беше толку силна во тој епицентар што беше повеќе од јасно дека ниту една пречка нема сила да го згасне тоа неисцрпно греење.

И мракот бегаше во тој радиус. Дури и брановите не удираа на островот, ниту се осмелуваа да фрлат капка студ во таа јасна светлост.

„Уморна сум“, ќе ми кажеше на моменти.
Ѝ давав храна, за полесно да спие.
Ми велеше: „Знаеш, ми треба калиум и витамин Б, го има во бананите. Ако ги јадеш навечер, ќе те успијат и одморат. Исто и јаболките... Знаеш дека ме успиваат, испробано е. Две три да ги каснам и заспивам“.

Одгледав јаболкница на тој остров.
За нас, за неа...
Да го измеша продорниот мирис на солена вода и цветни циметести нијанси збогатени со свежи флорални ноти и млад ананас.

Не е важен мојот глад, мојата наслада. „Спиј мирно, спиј тивко...“ ѝ велев.

Најтопла е кога спие. Ведната со главата надолу кон моето лево рамо, со десната рака под мојот врат, а со левата исправена на моите излитени гради. Најдов прибежиште покрај нејзината топлина. И јас полесно дишам навечер.

Сега и светилникот грее постојано. Таа е задоволна и скротена.
Иднината е пред неа.
15 views

Recent Posts

See All

Comentarios


bottom of page