Се насетуваше дека целиот челик ќе биде искален. Собата беше потемна дури од ноќта. Во воздухот од собата се чувствуваше сета жештина што тоа парче метално црвенило требаше да ја постигне за да биде она што очекувањата ја чинеа атмосферата во просторот.
Сета цврстина ќе биде постигната само со дополнителен степен на температура што наложената печка ја даваше на тој свет метал.
Обајцата го насетувавме тоа и иако оддалечени километри сето наше движење, сиот наш такт беше фокусиран на тој момент на бидување.
Часовите беа мигови, деновите секуди, а неделие часови.
А времето, чиниш вечност, е безначајно за моментите на создавањето.
Бесмислено е нашето постоење во тие мигови без помислата за потребата на еден од друг. Сиот космос ја влечеше кон мене и своето себе кон неа. На моменти, ќе помисли човек, некаков вербален и мисловен израз наречен „судбина“, но таа мисловно вербална креација е минорна во поглед на причините и последиците што сета материја и анти-материја го чини космосот и го влече тркалото на тие физички сили за нас.
Сиот сингуларитет на сето создавање, алфа и омега, сето постоење.
Таа е рожбата која чека космосот да ја создаде, а јас да го оплодам тоа семе на праматеријата кое чека да експлодира во утерусот на незнајното космичко битие.
Таа е поезијата што создавањето на вселената не ѝ дало концепт да постои, а сепак е присутна. Онаа пишаната, недоизречената, не напишаната, скриената, мистичната..
Таа е сета тишина и мир пред големата експлозија која зборува за себе, за свото опстојување во сиот тој мрак на создавањето, на сето калење, на сите тие прачестички и атоми кои молат да бидат создадени и да му дадат смисла на светот.
Таа е сиот пулс што аротите им го даваат на срцевите мускули на плодот во родилката што ѝ дава блажен немир и бол посакува да го роди.
Таа е крвта во тој срцев мускул што се создава и пумпа и му дава живот на насцитурусот.
Таа е глатката папиларна линија на нејзините негувани прсти што поминуваат по ушната школка за да ја наговестат тајната на нејзиното создавање и мојата немир во нашето битисување.
Таа молчи и не зборува, но се тоа го прави.
Мракот и молкот се нејзиното создавање, како што за мене се мојата смрт на миговите во исчекување и почеток на новото време.
コメント