top of page

Оживување

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Updated: Jan 25, 2022


Desire е невообичаена.

На прв поглед секој би рекол дека и таа спаѓа во обичната и груба општествена рамка, која во суштина не е ништо посебно. Но овде е сосема обратното.
Во суштина токму тој тормав и излитен општествен консензус не претставува ништо посебно. Desire не ја препознава таа крутост, отстапува од сите рамки.

Ми вели: „Чувствувам дека Corps reviver ќе ми биде новиот омилен. Кога видов дека има Lillet Blanc, џин и triple sec. Готово! Тоа е тоа!“

Corpse reviver е коктел за зимските денови, кога студот навлегува длабоко во нашите тврди и згрчени тела и ги двои коските од мускулите не давајќи им ни педа да се поместат.
Се прави со Лондонски сув џин, lillet blanc, ликер од портокал (triple sec), свеж сок од лимон, лажица абсинт и сол.

И воопшто не ме чуди оваа нејзина пасија. Хах, а зарем е само оваа?

Desire има посебен однос кон Tanqueray, независно дали е London dry Gin или No.10. Вели дека и покрај високото количество на алкохол во него, дури 47,3%, изобилува со богата лимонеста нота од самиот почеток, која со слаткост лизга по топлото грло и го облагородува со богатиот состав на смрека, коријандер, сладок корен, шкотски бобинки и лаванда . Минува низ хранопроводот и го затоплува стомакот до удобност. Грлото не останува суво, туку задржува меден вкус во целина, чувајќи го тој богат состав на вкусови и мириси.

Најдобро оди со сув вермут – мартини, две зелени маслинки и малку кора од сончево жолт лимон. Кората од лимонот треба да замастува при стисок, за подобар вкус.

И добро, ја прашувам, ќе го пробаме ли „Оживувачот на труп(Corpse revival)“, а таа ми вели: „Обавезно!“, искажано со полна апстракна аналитичност во нејзините очи и насмевка која е во исчекување на моментот кога на ова телесно оживување ќе му даде посебно значење и свечено место во овој обичен и просечен свет кој е жеден за потрага и откривање.

Понекогаш, вака задлабочен, често знам да ја помешам страста со тоа како нејзините најдлабоки желби и интереси се манифестираат рамо до рамо со нејзиното рацио.
Колку сум само во ужасна заблуда!

Дружбата во неа која се одвива помеѓу инстинктот и разумот претставува најголемото уметничко дело кое човекот го создал.

Тоа е хемиската желба да се создаде оловно бела боја само за тоа што цинк и титаниумската бела не го даваат посакуваниот резултат на сликарското платно.

Тоа е крвта во пилешкиот дроб која ја расипува подготовката на највкусното pâté.

Тоа се најсветлите точки во нејзинтие длабоки црни очи и најсочната слуз на нејзиниот розов јазик, спремни да плакнат со знаење. Спремни да го пренесат интимното во друг и искуството од тој прекрасен умствен спој наречен Desire.

Тоа е првата берба на најмлади ливчиња зелен чај, кои внимателно сварени даваат деликатен вкус наутро, отварајќи ги зениците и пречекувајќи го светот и дишејќи напред со полни гради.

Ме знаеш, луда сум јас, ми вели.

Забегувам.
37 views

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page