top of page

Оловно бела

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover



Навистина не можам да знам колку точно е читан овој блог, но сепак најголема сатисфакција и радост ми предизвикува кога Таа го чита. Претходно не знае што точно ќе биде напишано на овие неколку редови, но откако ќе го прочита текстот нејзините емоции се искрени и длабоки.

Вели, „..ме разнежнија и трогнаа... и јас тебе многу те сакам.

Застанав до пола на текстот каде што си пишал за оловната бела боја. Чекај да дочитам!“ со возбуда ми одговара.

Еј, па баш сум застанала кај оловната бела! Хах, нема ништо случајно...“ заклучува.

Не знам дали да те наречам хемичарка или вештерка. Ма не, ти си класична вештерка.“, ѝ враќам со сладок потсмев.

Ма оловната бела боја е парче историја еј!“, со возбуда додава.

Погледни сега што правиш. Во една твоја ваква реченица, знаеш ли каков и колкав текст се крие?“, со смеење од задоволство ѝ велам.

Знам. Те провоцирам.“, заводливо се подава и ме вовлекува сѐ подлабоко во отворените прозорци што го шират насвежиот и најмиризлив воздух на нејзината интима.

Сакам кога тоа го прави. Ми годи и уште толку ме растопува и нурнува во неа.
Ја сакам, ѝ кажувам.

А таа продолжува, „... а да не зборувам колку оловна бела се користела во козметиката, во шминките. До душа, олово и оцет, а не ленено масло, секако.
Па комплетно се занесува до смеење, „.. Ама тоа е најблиску што козметиката се доближува до сликарството... историски гледано.

Смеејќи се во себе до бесвест, не додржувам а да не и кажам, „Се занесе ти жено, дефинитивно.
Не е ни чудо што сестра ти пред некој ден во смеење ми кажа дека сѐ уште си намерачена сама да направиш бела оловна.
Ѝ реков дека дури и мене ме вовлече во таа вештерско-хемиска романса. Знаеш, ти имам кажано.“, и продолжувам да се смеам.

Потоа, додавам „Јас тебе овде ти велам ‘те сакам мори’, ти мене ‘оловно бела’... ц ц ц ц ц.“.

Не знам дали последното што ѝ го реков беше посмешно од нејзиното громогласно смеење, но Desire не можеше воздух да земе од смеата што ја обзема. Не знам повеќе кој на што се смееше, но целата таа сцена беше неверојатен спонтан комичен филм.

Мислам дека оваа реченица сумира сѐ“, со смеење рече на крај.

И во право е, таа реченица е целосната хемиска формула на она во нас.

П.С. 25.01.2022
Знам дека Таа нема да додржи а да не додаде за нејзината опсесија кон оловната бела (всушност, една од многуте опсесии), па затоа ќе си земам за слобода на кратко да објаснам.

Најпрво, оловото како метал од античко време до денес има многу широка примена, од производство на саксии, козметика, водоводни цевки и слично. Оловото во 20тите години од 20 век дури и се додавало во форма на гас во бензинот, за да го подигне нивото на октаните. Како последица на тоа многу доцна луѓето сфатиле и ја увиделе неговата токсичност.

Оловото во сликарството сѐ до 1950-тите имало огромна примена и се добивал најубав пигмент на бела боја т.н. оловно бела. Така на пример, оловото карбонат е бела боја направена од олово, оцет и јаглероден диоксид. Таа формула и сооднос, според одредени стари рецепти, кои и покрај забраната на користење олово во призводство на боја, сѐ уште користи од ентузијасти кои сакаат да ја доловат чистината и убавината на оваа нијанса на бела, со препознатлив пигмент.

Убавината на овој пигмент е што независно дали е самостојно нанесена на платно, или при мешање со други бои, е високо издржлива и отпорна на вода.

Desire е таков ентузијаст, а од скоро време и мене ме вовлече во тие нејзини магиски сликарски ритуали.

Ќе направиме оловно бела, па ако треба ќе одиме и на систематски преглед заедно.
33 views

Recent Posts

See All

Comentários


bottom of page