top of page

Откритија

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Јасно е дека овие редови од блогот сочинети од пиксели и бинарни кодови се посветени на Desire. Без неа не би било можно дигиталното пренесување на моиве мисли.

Како што вели таа, „... знаеш, срце мое, можеби грубо звучи, но ова е нешто како понуда и побарувачка, како барање и откривање.“
Ми се чини дека нашата размена на валути не препознава ниту инфлација, ниту дефлација.
Размената е безрезервна, безкамати, без додадени вредности, без оданочување, без депозити.

Можеби и не би го пишувал сѐ ова да не ја познавав неа олку длабоко и да не ги посакував сите преостанати тајни соби и ормарчиња во нејзината душа. Да не влегував во нејзините опојни топли градини и да не го вкусев нејзиниот сок кој бликаше од топлина при секоја нејзина возбуда и екстаза.

Моите мисли ќе лутаа барајќи го тој неоткриен континент, жеден и крвав да биде освоен.

Ниту една венециска мапа, ниту еден заборавен османлиски пергамент, ниту еден трговец од Џенова, и ниту една Хиспаниска каравела не би знаеле за својата побарувачка на континентот што таму некаде би се нудел со своите бесценети богатства.

Колку би бил пуст и досаден светот и животот во него без такви милениумски откритија како што е Desire.

Сѐ тоа би се свело само на една константа, чие што движење е толку незабележливо, колку што е орбитата на осамената месечина околу мртва планета.
Таа се врти, се движи околу својата еклиптика, а сепак сиот космос околу неа вртоглаво се менува, руши и создава одново, без овие две тела тоа воопшто да го знаат.

Да се биде осамен среде толкаво пространство кое останува неоткриено е навистина тешко.
Уште потешко е тие два света да се присутни, а да не знаат еден за друг.
Најтешко е недостижното – да се знае за присуството, а контактот да е недостижен.

Во откривањето и љубопитноста лежи суштината на оваа скромна тајна.

Како невешт картограф ги барав и одредив сопствените меридијани и напоредници кон точните црти кои водеа до Desire. Ги исцртував стрмните изохипси трагајќи во себе, а во суштина трагав до точната кота по која лудуваше иглата од мојот компас.

Компасот покажа на Desire, на неа.
18 views

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page