top of page

ПИСМА-Второ обраќање

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Updated: Jun 9, 2022


Камилице,

Мислите ми се зариваа и го откорнуваа мојот фокус во тебе и твојата суштина изминативе дни. Чекорејќи низ овие ранопролетни утра ги колнам студот и влагата што им пречат на сончевите зраци да продрат и истакнат твоите мириси на почетокот од денот.

Мина долго време како твојата радост ја беше засенила есента со своите суви лисја.
Тврдата земја ја спречуваше твојата природност да го разбесни и разузда полињата над кои со исчекувања сакам да го положам своето тело и најдам својот мир.

Но ти не си тука.

Се обидувам низ овие редови на оскудна поетичност да допрам до твојот корен и да им дадам сила на твоите сокои кои во страв ја скриле сета суштина потребна за твоето битие.

Иронично, јас сум тој на кој му е потребна твојата лековитост.

Речиси сте пролетни мириси го засенија овој саботен априлски ден, преостанува само твојот да допре до моиве ноздри.

Времето минува, а далечината од твоето изртување и појавување станува сѐ поголема.
Лежам, чекајќи да ми дојде редот, за да ме земат ако не успее иљачот.

Но на оваа ледина нема ред, нема иљач – само чекање.

Единствено твоето постоење во исчекување и студенилото во моиве гради кое ме обзема, чинам го наговестува мојот крај.
Та нека ме земе почвата над која лежам и чекам да излезеш и појавиш, макар те допрел за само еден краток миг.

Знаеш, крајот е веќе близу, и незнаејќи дали смртта е послатка од твојот опоен лек што во овие мигови неповратно доцни, јас веќе ѝ се предавам на земјата, па таа нека ја одреди патеката на твоето ‘ртење и мојата смрт.
7 views

Recent Posts

See All

コメント


bottom of page