top of page

ПИСМА-Трето обраќање

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Updated: Jun 9, 2022


Локнеста,

Последниот пат кога те видов ја немаше на лицето таа разиграност на очните капаци кои при секој трепет го впиваа ритамот на светот во движење.
Дури и чекорите не ти беа разиграни и одеа во такт со твоите долги трепки на очните капаци.

Насмевката е како по потреба, за да се затскрие немирот што ти се насорбрал.

Се обидуваш вешто да ја сокриеш вознемиреноста што го чинат чуден ритамот на твојата пумпа во градите.

Попусто...

Дури и Шанел бр.5 што ти ги милува меките ткива на вратот и ушите, косата не ти го лелее, а кожата не ти го вкусува.

Се сеќавам сега на минатото „јас“, обременето со студ и трепер од несигурност при првата крвава зора, плашејќи се што ќе донесе денот, а борејќи се во ноќта за првите атоми светлина.

Те чекам и знам. Ти се преродуваш и доаѓаш, а твоето зазорување е нов почеток.

Почетокот надоаѓа, а светот е спремен.
15 views

Recent Posts

See All

Commentaires


bottom of page