top of page
Search

ПИСМА-Петто обраќање

  • Writer: Trans Lover
    Trans Lover
  • May 16, 2022
  • 1 min read

Updated: Jun 9, 2022


ree


Изгрејсонце во мојата темница,

Еј ти, чии чекори ѝ се непознати на ноќта, оти моиве очи широко отворени не го гледаат твоето присуство на ледината пред трошнава зграда, те молам покорно, направи бар еден шум низпаќе за моиве сетила макар и в сон би го препознале твоето доаѓање.

Ништо повеќе не е свето во ноќта.

Дури ни спонтаната тишина која го задушува мртвиот ритам на селскиот тапан, не е автентична за да го наговести твоето доаѓање.

Сон не ми даваат сетилава барајќи го звукот на првото накршување на младата трева под твоите негувани голи стопала.

Несоницата само ја влошува состојобата на моите инстинкти.
Телото се предава на катастрофалниот баланс на хемиски состојки во мојата крв. Инстинктот не може ни да препознае дали седиш до мене гледајќи кон небото чекајќи го синилото да се појави од мракот.

Ниту пак студенилото на горниот дел од мојата лева дланка не може да препознае дали е затоплена од твоите врели папиларни линии кои како топли струи на ветрот патуваат низ непрегледниот простор.
Времето за нив е толку безвредно и имагинарно, та доволен е само првиот фотон од сончевиот зрак да пропатува и ја допре мојата незабележителна и незначајна точка во космосот.

Сега веќе е време.

Внатрешноста ми трепери пред мракот. Со секој трепер, со секој немир, го испуштам и последниот топол здив до конечно студенило.

Ноќта е најстудена пред првиот галеж на твоите сончеви јазици.

Те чекам.
 
 
 

Comments


  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram

Inner Pieces

123-456-7890

info@mysite.com

© 2023 by Inner Pieces.

Proudly created with Wix.com

Contact

Ask me anything

Thanks for submitting!

bottom of page