top of page

ПИСМА-Седмо обраќање

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Updated: Jun 9, 2022


Желбо моја,

Еј ти, тебе ти се обраќам...
Дали си присутна овде, физички, или со мислите си таму некаде, а твојот лик не оддава ни најмала линија на израз дека го перцепира моето присуство покрај тебе?

Не знам повеќе на каков начин да излезам од мојава кожа, иако до сега веќе безброј пати се соголив пред тебе, небаре роб затворен во сопствениот логор на комфор.

Те молам, допри до мене, излези и ти од тоа твое мртвило на ликот што го покрива неизмерниот очај и ужас, натопени со внатрешен конфликт кој никако да се избори победи со себе, за да ги допре веќе еднаш рацете што имаат поткрепа од секаде.

Само треба да посегнеш.

Измина време од сите тие вечери и опивни мириси на парфемите што продираа во нашите ноздри.
Но се чини само тоа остасна, продор во ноздрите; во тие проклети дупки што го собираат очајот позади расклештените насмевки на задоволство.

Веќе секоја вечер те барам да легнеш и да се нурнеш во твојот сон, а јас да не спијам и те гледам дур ти се грчиш во својата сонлива удобност.
Остана само мојот поглед кон другата страна на креветот, која е празна веќе долго време.

Остана само фантазијата да ја пополни празната половина.

Ниту мирисите веќе не се доволни. Нивната продорност е само една бледа меморија на раскажувањето за Desire.

Ноќва е тешка, дождот измива сѐ.

Единствено неподносливата жештина, која упорно ја брка и најслатката потреба за твојата исконска телесна топлина што ми е насушно потребна, е најтрауматското доживување во овој миг.

Дојди ми во осојот на моето бреме и измиј ги раните што твоето неприсуство ги предизвикало.

Дојди ми во насмевката и покажи му го на Светот мојот неуморен копнеж по тебе Desire.

Дојди со дождот и ноќниот порој па земи ме под твоите негувани дланки и откриј го следното изгрејсонце кое ќе дојде со првиот мој поглед во твојата златеста мрсна коса.

Насмевни ме и дај ми го спокојот потребен за да знам дека утре безгрижно ќе умрам до тебе.
11 views

Recent Posts

See All

Комментарии


bottom of page