Ми бие телото во ритам на исчекување додека од дистанца го гледам просторот низ кој го чекам твоето појавување.
Климата е сопрена среде времето кое немилосрдно тече, влечејќи ги во себе сите чувства насобрани околу нас.
Ниту дождот се осудува да ги предизвика натопените сиви кумулуси, ниту пак тие, нацицани и полни сотовар, се предаваат пред тензијата меѓу нив и сувата земја.
Се насетува во воздухот потребата за твоето појавување со првите чекори по сувата почва кои ги дисперзираат твоите мириси.
Како шаховски фигури на излитена табла, го чекаат твоето сторување.
Ме вовлекуваш и ти мене во тој ритуал секојдневно, тајно моја.
Го гледа Светот преку шематското движење на твоите палци по празниот воздух, небаре испишуваат пораки некому, за нешто, за некаква состојба или процес.
Погледот, со сета твоја сериозност предизвикана со насобраните тенки и негувани веѓи им даваат сигнал на усните мимики да им проговорат на размрданите прсти што да пишат, како да проговорат и ја пренесат магичната синкретичност на стихотворбата во просторот.
Моите сетила се лишени од тајните на твоите магии.
Отуѓени се од мистиката на шепотењето на очите, усните и прстите.
Отуѓени од тегобата за дожд на нацицаните облаци и жедта на пустата плодница.
Јас сум само верен следбеник во процесијата, нем учесник во ритуалот.
Comments