top of page

Славење на гозбата . . .

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover



Тука е.
До мене.
Спие мирно и дише тивко на моето лево рамо.

Со главата се нурнала во левата пазува, додека кадриците од нејзината златеста коса создаваа еден моќен и опоен цветен густеж.
Левата рака ми беше наместена точно под главата, која како покривач ѝ ги загреваше сите бразди на грбот.

Ме имаше прегрнато со дланката по градите ширејќи ги прстите за да ја зграби секоја топлина што ѝ беше потребна да ја згрее сопствената ненаситна внатрешност.

Во еден бавен ритам, складен со тактот на нејзиното спокојно дишење, ги триеше мазните нозе од мене. Си мислам, небаре првитеноти од Болеро на Равел се пишуваат на нашето петтолиние во ритамот што таа го создава и држи. Движејќи ги така нозете, со кроток галеж ги мразеше својата машкост и меко стомаче во моите слабини и колк.

Не знам дали ова спокојство дојде од енергичните налети на нашите тела кои се препелкаа по белиот лен на креветот, или од експлозијата на вкусови од морските плодови што на Desire ѝ го дадоа медитеранскиот еротски темперамент.

Се присетувам, додека вечеравме ноќта, пиејќи од скокотливата киселкаста мешавина на шардоне, мускат и совињон блан како ги превртуваше очите во екстаза предизвикана од секој загриз на усните и движењето на јазикот во нејзината гладна уста. Капки маслиново масло ги засветуваа и раззеленуваа нејзините сочни и ненаситни усни.

Секое нејзино елегантно движење на дланките ја разигруваше секоја линија и форма на металната вилушка вртејќи ја во длабоката чинија со која ги жнееше вкусовите на италијанската паста зготвена домаќински со лук, млад лук, магдонос, дагњи, лимон, инчуни и лигњи во маслиново масло.
Го собираше кремавиот сос од чинијата со вилушката, на која густо беа насобрани сите елементи од насладата која со кружни движења ја спремаше за следна усна наслада.

Ја отвори устата и со превртливо занесените очи го земаше емотивниот залак.

Сакам уште!

Се погледнуваме ... почнуваме од почеток.
31 views

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page