top of page

Сон бр.1 (... and a boat lies waiting..)

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Беше тоа неколку дена по неговата измачувачка и осамена смрт.

Пред да се појавам во нејзиниот живот, и таа во мојот, тие се љубеа безвременски непрепознавајќи ги просторните бариери.

Ја сонував таа ноќ за прв пат.

За прв пат некои работи никогаш не сум ги знаел. Во темницата ја слушав. Еден чамец како да чека, да ме пренесе, и некое старо подзаборавено чувство.

Неизбежни беа мирисите на нејзината кожа среде таа темнина. Барав да ѝ ги бакнувам дланките, но тие не беа присутни. Само мирисот и тактилната меморија.

Осамен во таа темница, со затворени очи, посакував да ги мирсам и галам.

На хоризонтот се појави една блага светлина. Како се зголемуваше светлината на хоризонтот, од центарот на таа светлина се појави една силуета.

Дали е тоа моето спасение во овој мрак?

Само рамења, лик и дланки како се подаваат. Кадриците почнаа да ја впиваат светлината позади неа и ја пружаа кон моите очи. Не сум сам.
Ништо друго не се гледаше од нејзиното тело, освен нејзините витки и глатки раменици, подадените раце и сега веќе нејзиниот лик.

Ги отвори крупните црни очи. Како две сонца да сјаеа од нејзините зеници и ме стоплија во тој мрак.

Ми ги подаде дланките и ги допрев тие меки папиларни линии кои за миг ме разбудија.
Осамна нејзината повикувачка насмевка во моите разбудени насолзени очи.

Ѝ го раскажав сонот.

И тој ме сонуваше така“, си поврза таа.
28 views

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page