top of page

Туарези

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Updated: Feb 1, 2022



Додека стасам до овие неколку пишани редови од овој текст патот беше исполнет со магични искушенија кои до тогаш не ги бев допрел. Не можам да кажам за моралната оправданост на тоа патување, но неопходноста беше, и сѐ уште е најиздржливиот бедуин пред моралноста на пустината.

Моралноста, таа заводлива фатаморгана, во оскудни мигови на лутање, често произволно го впушта нашиот разум самиот себе да се окова.

Но, за песоците на времето, овие конструкти немаат никакво значење.

Кога таа лежи и бесчујно дише врз моите груби гради што ја издишуваат мојата грешна душа, како жедни аџии очите ми лутаат по осветлените граници на нејзините телесни црти. Светлината од слабата сијалица во собата, сонце во залез, ги исцртува нејзините телесни дини.

Стариот прозорец, тој истоштен пустиник, се предава на студениот воздух однадвор и како косач сече по нејзината кожа. Таа, небаре песок, се собира од студот и бавно се тркала низ просторот барајќи прибежиште да се затопли.
Ја впивам во мене острата студена промена на немилосрдниот пустински ветар. Жеден за топлина и вода, која ја нема среде таа пуста ноќ, трагам со прстите по нејзините непрегледни граници за да го затоплам нејзиното јадро.

Поминувам со прстите по контурите, како ноќен караван на смели туарези кои го бараат своето следно прибежиште среде мистичната дина. Ја маркираат секоја педа од нејзините разиграни песочни дини. Чувствувам како пулсираат контурите и поигруваат на секој мој допир.

Дали да се насладам повторно во тој мрак или да продолжам да барам прибежише за моите пустински халуцинации?

Ме обзема немир.

Го целам секое зрнце песок кое трепери и срамежливо им намигнува на ѕвездите над нас. Гледам угоре, да го најдам својот пат преку соѕвездијата до огништето кое таа го чува за мене. Дали крвавиот Ал-Гул ќе ми го покаже патот?
Се грчат тие непрегледни голи песочни дини под налетите на моето забрзано дишење. Ме обзема пустината во нејзините прегратки. Неа ја прекрива ноќна мистика и се нурнува во тој свет номадски ритуал на чекорење и мапирање на секоја непозната оаза.
Си мислам, таа е некоја оаза која е толку далеку, а не ја гледам среде насобраниот мрак.

Се надѕираат и првите знаци на топлина од хоризонтот.
Цртите по ‘рбетот и грбот, долж од вратот се до сочната задница го затоплуваат ноќното студенило и се предаваат кон потрагата за наслада и скротување на жедта.

Прстите, вечниот караван кој стамено чекори по линиите на нејзината светост, полека се движат кон првиот извор за гасење на жедта.

Усните се нејзината најсвета животна оаза.

Бакнеж, и ритуалот е завршен. Жедта е изгасена.


26 views

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page