top of page

Чекори

Writer's picture: Trans LoverTrans Lover

Кога чекори Таа нејзините меки облини го туркаат сиот простор пред себе. Сите точки на светлина во тој простор одеа кон трасата што таа ја имаше зацртано.
Нејзината долга кадрава коса прилепена за витките раменици го впиваше ветрот и не дозволуваше да биде нарушена нејзината става пред бурите што наговестуваа. Тоа го правеше сосема природно. И сѐ уште го прави. Нејзината ранливост како да се криеше позади нејзината снага.
Но тоа не е нејзината маска или фасада. Тоа е нејзиниот минимум одбранбен механизам од непосакуваното невреме.

Ја забележав таа слобода во нејзиниот чекор кога ја гледав како разголена излегува од спалната и се движи кон бањата.
Единственото светло што доаѓаше во ходникот беше тоа од бањата. Како изворот на сонцето да беше во нејзината предница и го осветлуваше сиот мрак позади неа.
Облините скицирани во златести контури. Најубавата месечина создала соларна еклипса.

Движејќи се со нозете, ја прекршуваа светлината што извираше пред неа и ги истакнуваа валчестите движења на нејзината медена задница. Си поигруваше со светлината, танцуваше со неа додека чекореше низ тој темен ходник.

Го гледам Витрувискиот човек како силуета пред светлината, што го осветлила и најтемниот мрак на Да Винчи. Силуета на личност, на човек. Маж престорен во жена, жена во маж. Најинтимната тајна на Леонардо, совршено битие во кое се вклопени сите геометриски форми извајани и измоделирани во едно тело од кое извираат ерос и танатос.

Тогаш, полна со задоволство и ерос во себе, ги погали бутините со своите меки и тенки дланки. Движејќи се нагоре кон колковите, струкот и мазната кожа кон градите. Го демонстрираше задоволството во себе од долгиот галеж што го споделивме на удобниот и крцкав кревет.

Си потпевнуваше со хамкање додека чекореше, а чекорот, како да потскокнуваше во ритам на звуците.
Ги крена рацете угоре и си ја собра златестата кадрава коса во кок. Сакаше да се освежи, да го вкорени задоволството и блажината што ја имаше, за нејзиното тело да ги зачува и запомни.

Прекрасно беше, сакам уште, и никогаш ова да престане. Сѐ уште така се чувствува.

И освежена таа доаѓа пак. Го растура тој кок на косата, кадравиците паѓаат. Од скромната насмевка се надзира белината на нејзините симетрични бисерни заби. Во таа пригушена светлина во спалната соба, единствено нејзините темни очи ја насобрале сета светлина на овој свет. Како црни бисери ја заловија мојата слабост и се препуштија на магијата што се беше насобрала во оваа вуду пророчица.

Ми вели:
„Кога чекорам, мислам на нас.“

Ѝ велам:
„Те љубам бескрајно... длабоко... страсно... очајно ... молчаливо ... интимно... тажно.
Те љубам смртно.“

Ќе трае ова бескрајно, ми вели. Нема да заспијам дур не се изгубиме обајцата од мислите, а тогаш сонот нека го стори своето, чекорите да продолжат таму, за во студените утра повторно светлината да ги пронајде нејзините и моите чекори.

Пред да заспијам, ме покри со раката како со прекривка од Цистус рози, со лицето се нурна во мојот врат и ги затвори очите.
Да, бројот 5 не беше исчезнат, неговата крајна нота која остро доминираше во моите ноздри, го разбуди Морфеј за да нѐ успие.

Ми вели:
„Сакам пред спиење да си ги мирисам зглобовите од дланките. Да ја пронајдам градината по која Габриела чекорела и ги пронашла розите по дивите карпести ридишта.
Ме смирува и ме прави поженствена од било кога.“

Спиј мирно, срце мое трепетливо.
24 views

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page